Горазд Коцијанчич: Жижек и теологијата

kvsz

Прашање: Во својата работна соба го преведувате Новиот Завет и во еден момент слушате ѕвонење на вратата. Вашата сопруга отвора и после неколку мига Ве повикува да дојдете бидејќи „трговски патник“ продава некои книги, коишто можеби ќе Ве интересираат. Одите и пред вратата го гледате Славој Жижек, кој во рацете држи неколку примероци од својата книга The Monstrosity of Christ и веднаш, логореично, како што само тој умее, Ве убедува да ја купите. Дали би ја купиле?

Continue reading “Горазд Коцијанчич: Жижек и теологијата”

Епископ Атанасиј (Јевтиќ): Есхатолошкото во нашиот секојдневен живот

требиње

Грчкиот термин за првите нешта е – протологија, а за последните нешта – есхатологија. Ниту еден, од овие два термини, не можеме да го преведеме на англиски. Англискиот еквивалент за есхатологија, би можел да биде eschatology, и би можел да се разбере како нешто коешто се занимава со крајот на времето, односно со последните нешта. Што се однесува до зборот протологија, за него на англиски не може да се најде дури ни технички еквивалент, којшто би послужил како пандан на зборот eschatology. Протологијата најдобро може да се сфати како нешто што се однесува на она коешто постои на почетокот од времето, или, уште подобро, пред почетокот на времето. Можеби обете нешта за коишто говориме, најдобро би ги објасниле ако ги споредиме со она што го нарекуваме “пролог” и “епилог” на една книга. Но, стварноста на нашиот живот не е една книга, па дури и кога таа книга е Библијата.

Continue reading “Епископ Атанасиј (Јевтиќ): Есхатолошкото во нашиот секојдневен живот”

Митрополит пергамски Јован (Зизиулас): Теологијата на свети Силуан Атонски

пергамски

Најпочитувани отци, браќа и сестри, со длабока трогнатост прифатив да ја изложам темата за богословието на светиот Силуан. Изборот на темата се должи на фактот оти со помош на неговиот духовен ученик и мој личен духовен отец, вечнопамјатниот отец Софрониј од манастирот Есекс, го имам испочитувано светиот Силуан, не само како Христијанин и дел на Православната Црква, но и како еден ученик и учител по теологија, а конечно и како Епископ. Светиот Силуан продолжува да биде мој личен водител во духовниот живот, бидејќи мислата негова, со разнообразностите што ги содржи, има пресудно значење не само за оние коишто го живеат монашкиот живот, но и за оние коишто се посветуваат на богословското размислување и земаат учество во водството на Црквата во светот. Следствено, ќе ви зборувам за светиот Силуан со едно длабоко чувство на благодарност и почит. Значи, што ме научи, во однос на теологијата, овој старец?

Continue reading “Митрополит пергамски Јован (Зизиулас): Теологијата на свети Силуан Атонски”

Анестис Кеселопулос*: Црквата и современиот свет*

пловидба

Поимите за Црквата и светот. Црквата е образ и изображение (τύπος και εικόνα) „на севкупниот свет, кој се состои од видливи и невидливи суштини“.[1] Согласно на овој израз, но и, воопшто, низ перспективата на учењето на Светото Писмо и Отците на Црквата, сите нешта на светот се создадени од Бога за да постанат и да постојат како Црква. Следствено, не е возможно да се вметнуваат цврсто и исклучиво помеѓу свештеното и профаното, како што, исто така, е бесмислено било какво преполовувачко расудување помеѓу Црквата и светот. Црквата го должи нејзиното основање и потекло на Бога. Но, и светот во Бога ја има неговата причина и неговото објаснување. „Сѐ е преку Него и за Него создадено“.[2]

Continue reading “Анестис Кеселопулос*: Црквата и современиот свет*”

Епископ Атанасиј вомировен захумско-херцеговински: За Тајната на Црквата Христова и Нејзините Свети Канони

Битието и животот на Црквата, нејзиното естество и суштествување, се наоѓа во нејзиното соединување и единство со Христа, нејзиниот Господ и Спасител, богочовечката Првина, Темел и Глава на Црквата, и во Него и со Него – со Светата и Живототворна Троица, Единиот Жив и Вистинит Бог. Нашето, и лично, и заедничко христијанско битие, живот и спасение е само во соединување и единство со Црквата како Тело Христово, оживувано, одушевувано и вдахновувано со Духот Свети, Утешителот, по благата воља на Бога Отца.

Continue reading “Епископ Атанасиј вомировен захумско-херцеговински: За Тајната на Црквата Христова и Нејзините Свети Канони”