Мудрецот „којшто не знаеше ништо“!

sokratЈас, Атињани, ве почитувам и ве љубам, но ќе му бидам послушен на Бога, а не вам, та додека дишам и имам сила, нема да престанам да философирам[1], нема да престанам да ве поттикнувам и да му правам забелешки на секого од вас, когошто ќе се случи да го сретнам, велејќи го тоа што имам обичај: „Човеку битен, иако си Атињанин, граѓанин на најголемиот и најпознатиот град по мудроста и по влијанието, зар не се срамиш што од една страна ринташ за да се стекнеш со колку што може повеќе пари, глас и чест; а, од друга страна за разумноста и за вистината, и за тоа како душата твоја ќе стане колку што е возможно подобра, ниту ти е гајле, ниту се грижиш“!

Continue reading “Мудрецот „којшто не знаеше ништо“!”

Старогрчки анегдоти

ancient-greeks

– Некој човек се обидуваше да го натера Хипократ да оди во Персија за да го види Ксеркс, оти, како што му зборуваше, бил: „добар владетел“! Хипократ одби, велејќи: „Не ми е потребен добар човек, којшто ќе владее над мене“.

– Еден софист велеше: „Од сите нешта, најголема вредност има говорот“. Царот на Спарта му рече на софистот: „Сакаш да кажеш дека ти, кога не зборуваш, немаш никаква вредност“?

– Еднаш Диоген виде нечиста бања и ја постави неговата недоумица: „Оние, коишто тука се бањаат, каде ли одат потоа да се исчистат“!

– Демостен велеше оти многупати му доаѓало да се помоли да исчезнат лошите, но сепак се плашел дека можеби со неговата молитва целосно ќе се испустоши градот.

– Во едно друштво Талес велеше дека смртта во ништо не се разликува од животот. Тогаш некој го праша: „Штом е така, зошто тогаш не ја претпочиташ смртта“? Философот одговори: „Токму затоа што не се разликува од животот“.

Continue reading “Старогрчки анегдоти”

Хорхе Букај: Претпочитам да се борам за мојата слобода

Мојата посета на Елада ме поврзува со нештата што сум ги учел. Философијата на елинските философи ми сопатуваше низ сиот мој живот. Особено кога почнав да се интересирам за психологијата.

Едно од првите нешта на кои ме научија беше една парабола на Сократ. Кажуваше Сократ: „Се движам по патот и среќавам еден роб, испружен е, и спие. Од изразите и од тоа што го зборува во сонот, поимам оти робот сонува дека е слободен“.

Та, Сократ прашува: „Што требаше да направам? Требаше да го разбудам за да си освести дека во реалноста е роб и дека сонот за слободата не е вистинит, или, требаше да го оставам да спие и во неговите соништа да ја живее слободата, којашто ја нема“?!

Continue reading “Хорхе Букај: Претпочитам да се борам за мојата слобода”

Георгиос Марцелос: Философијата и Теологијата во Отечкото Предание

Вовед.

Помеѓу теолозите и филолозите или историчарите на философијата широко е распространет погледот дека Отците на Црквата, иако многу добро ја познаваат елинската философија, сепак во развојот на нивното учење не се занимаваат со философски, туку само со теолошки проблеми. Се разбира, ја ползуваат философијата за градење на неопходната богословска терминологија и за логично темелење на догматските вистини, но целосно ја потчинуваат на нивната теологија, немајќи никаков интерес за решавање на философските проблеми. Така, според ова поимање, единствената можна врска, којашто во отечкото предание постои помеѓу теологијата и философијата, е врската помеѓу господарка и слугинка. Во таа смисла, значи, философијата едноставно се смета како „слугинка на теологијата“ (ancilla theologiae)[1].

а. Предусловите коишто ја определуваат врската помеѓу теологијата и философијата. Прв основен предуслов, којшто ја определува врската помеѓу теологијата и философијата во отечката мисла, е присутното во севкупното православно предание онтолошко разликување помеѓу создаденото (κτιστό) и несоздаденото (άκτιστο)[2]. Ова разликување не е еден став, којшто Отците го примаат без да ги осуштестват неговите најдлабоки последици и неговите распространувања. Напротив, тоа е една разлика, којашто претставува основен предуслов на сите различни аспекти на отечкото богословие, но особено целосно ја определува отечката гносеологија[3]. Као резултат, врз основата на оваа разликување, станува јасна разликата во отечкото предание помеѓу логиката, науката и философијата од една страна, коишто се однесуваат на истражување и проучување на создаденото, и од друга страна Откровението, догмата и теологијата, коишто се поврзуваат со откривањето и искуството на несоздаденото. Со други зборови, границите помеѓу философијата и теологијата за Отците се целосно јасни: философијата за спознајно поле го има создаденото, теологијата, пак, за спознајно поле го има откровението на несоздаденото. Од таа причина, кога секоја од нив е свесна за сопствените граници, и дејствува без да ги преминува границите на другата, прашањето за слевање и судир помеѓу нив не се поставува. И двете, јасно разликувајќи се, можат да делуваат паралелно, во рамките на нивните граници. Continue reading “Георгиос Марцелос: Философијата и Теологијата во Отечкото Предание”

Горазд Коцијанчич: Жижек и теологијата

kvsz

Прашање: Во својата работна соба го преведувате Новиот Завет и во еден момент слушате ѕвонење на вратата. Вашата сопруга отвора и после неколку мига Ве повикува да дојдете бидејќи „трговски патник“ продава некои книги, коишто можеби ќе Ве интересираат. Одите и пред вратата го гледате Славој Жижек, кој во рацете држи неколку примероци од својата книга The Monstrosity of Christ и веднаш, логореично, како што само тој умее, Ве убедува да ја купите. Дали би ја купиле?

Горазд Коцијанчич: Најпрвин би се претставил и би го повикал на кафе, бидејќи тоа би било големо изненадување. Имено, иако живееме во ист град, и покрај тоа што имам напишано неколку мошне критички текстови во љубљанското лакановство (на кои никогаш не добив одговор), со Жижек сѐ уште се немам лично сретнато. Очигледно за такво нешто, ниту тој, ниту јас, немаме некаква вистинска потреба. Потоа би му објаснил дека книгата веќе ја купив, та дури за неа ја напишав и расправата „Дионисиј во фуснотите“, која е објавена во зборникот трудови на симпосионот за Дионисиј Ареопагит, што го организирав во 2012 година.

Доколку би ме прашал какво е моето мислење за книгата, учтиво би му објаснил, дека според моето мислење, голем проблем е тоа што во последно време многу пишува за Христијанството, та дури и дека се смета себе си за вистински толкувач на христијанската теологија, а во суштина, нема поим од историјата на христијанската мисла. Ако инсистира да му ги докажам моите тврдења, би му покажал дека во книгата, на пр. тврди дека Божјото име „Јахве“, според него е плурал (веројатно мислел на „Елохим“), дека од вицот во 112-то напоменување очигледно не му е баш презентна новозаветната перикопа за прељубницата, во која Евреите не сакале да го каменуваат Исус, туку прељубницата, дека во неговите површни хегелијански карактеристики за трите христијански вероисповеди не држи практично ништо.

Continue reading “Горазд Коцијанчич: Жижек и теологијата”

Хосе Ортега и Гасет: Одново да се потврдиме со обврската кон вистината

ortega-y-gassetСпоред моето уверување, политиката е: размислување за корисното.

Но, кога политиката ќе зацари со свеста и ќе почне да управува со севкупниот наш духовен живот, тогаш преминува во мошне сериозна болест. Причината е јасна. Додека корисното го прифаќаме како корисно, ништо не може да ни се префрла. Но, доколку таа опседнатост со корисното постане основна одлика на нашата личност, тогаш кога и да ја бараме вистината, ќе тежнееме да ја помешаме со користа. А, од корисното да се прави вистина, е тоа е дефиниција за лагата. Царството на политиката, значи, е царството на лагите.

Continue reading “Хосе Ортега и Гасет: Одново да се потврдиме со обврската кон вистината”

Леќа

Диоген

Еден ден, Диоген јадеше леќа од една чинија, седнат на прагот од некоја куќа. Во целата Атина не постоеше поевтино јадење од една чинија леќа. Со други зборови, доколку си јадел леќа, значело дека се наоѓаш во состојба на апсолутна сиромаштија.

Помина еден пратеник на господарот и му рече:

„Е, Диоген! Ако научеше да не си непослушен и ако му ласкаше малку на господарот, не ќе беше принуден постојано да јадеш леќа“.

Диоген престана да јаде, го крена погледот и гледајќи го во очи богатиот соговорник, му одговори:

Continue reading “Леќа”

Хосе Ортега и Гасет: Бог е на видикот

filosofi

Земјината орбита има свој перихел и афел: момент кога нашата планета е најблиску до сонцето и момент кога е најоддалечена од него. Некој набљудувач на ѕвездите, којшто би ја здогледал земјата во мигот додека бега од сонцето, би помислил дека таа никогаш нема да му се врати, туку дека секој ден, сѐ повеќе и повеќе, вечно ќе се оддалечува. Но, доколку малку почека, ќе види дека земјата, благо менувајќи го правецот на својот лет, та закривувајќи ја својата патека, уште побргу се враќа кон сонцето, како гулабица во својот голубарник и како бумеранг во раката што го фрлила. И на историската орбита, слично се случува со човековиот ум во односот кон Бога. Постојат епохи на odium Dei, на големо бегство од божественото, во коишто таа силна планина наречена Бог, скоро целосно исчезнува од линијата на хоризонтот. Потоа следи доба на зреење, кога нагло, во недопреното волшебство на едно девствено крајбрежје, од заветрината би се појавила карпата на божественото. Сега чукна часот кога на цел глас треба да се викне од кошницата на јарболот: Бог е на видикот!

Continue reading “Хосе Ортега и Гасет: Бог е на видикот”