Старец Јосиф Исихаст: Кружната молитва, којашто се одвива во срцето никогаш не се плаши од прелест

Бог, Којшто пребива на небесата и Којшто е Господ на сè, Којшто нам ни дава здив и живот, и сè, и Којшто без престан се грижи за нашето спасение, Он во вашите свети души да го испрати Духот на утешението, да го просветли вашиот ум, како што се просветлија учениците на нашиот Спасител; светлината на неговиот божествен блесок да го озари целиот духовен, умносоздаден човек; да го разгори целото ваше срце со божествениот ерос како кај Клеопа, и, бивајќи известено, да затрепери, сфаќајќи го зачнувањето на новиот Адам; на крајот, да се распадне стариот човек со сите негови старсти; и, така во секој момент непрестано да течат солзи, како извор од којшто истекува блажина. Амин.

Денес, чедо мое, го примив твоето писмо. Ги видов таму напишаните работи, и ти давам одговор на она за што ми пишуваш.

Continue reading “Старец Јосиф Исихаст: Кружната молитва, којашто се одвива во срцето никогаш не се плаши од прелест”